Skip to main content
Економија

Заврши првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025

14/11/2024  18:26

– Заврши првиот ден од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет за Предлог-буџетот за 2025 година. Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата за финансирање и буџет трае 10 дена и продолжува утре во 12 часот, по што како Дополнет предлог се испраќа на разгледување и усвојување на пленарна седница на Собранието.

-Треба да биде развоен и претставува развоен документ со соодветна социјална компонента. Важно е за еден буџет да имаме правилно проектирани, соодветно планирана приходна страна и соодветно планирана расходна страна. И како вовед добро е да се каже уште веднаш дека за следната фискална 2025 во предлог буџетот на страна на буџетски приходи е планирано да се постигне 358,8 милијарди денари наплата, која би значела приближно 13% раст во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот за 2024 година и истиот би изнесувал 40,7 милијарди денари повеќе средства“ рече Лефков.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во попладневниот дел од комисиската расправа, порача дека страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 посто, најголем досега во историјата.

– Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале толкав јавен долг. И тоа е страшно, за државата, рече Битиќи.