Skip to main content
Македонија

Врнежливо и студено до петок, на планините снег – викендот стабилизација на времето

01/10/2025  12:27

Под влијание на влажен и студен бран, времето до петок ќе биде облачно, студено и со чести врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Според најавите, се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен, а локално и над 50 литри на метар квадратен.

Според прогнозата на УХМР, од утре поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Во петок, со натамошно опаѓање на температурите, ќе има услови за снег и на повисоките места. На планините се очекува формирање значителна снежна покривка.

Од сабота следува стабилизација на времето со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.