Десетици повредени откако се урна трибина за време на кошаркарскиот суперкуп во Египет

Дуелот на Ал Ахли и Ал Итихад во кошаркарскиот суперкуп на Египет донесе страшни сцени, откако дел од трибината се урнал, па според информациите од оваа африканска земја има десетици повредени.

Во Александрија во салата „Хасан Мустафа“, мечот е прекинат при 66:45 за Ал Итихад, откако трибината се урна, па кошаркарите одбија потоа да го доиграат мечот. Според информациите интервенирало 21 амбулантно возило, а вкупно 27 лица се повредени.

Нема информации кои биле причините за да се урне дел од трибината.

Треба да знаете
Последни објави