Skip to main content
Скопје

Сообраќајот во Аеродром блокиран поради митингот на ВМРО-ДПМНЕ – Граѓани од цела Македонија со автобуси се носат во Скопје (ВИДЕО)

29/09/2025  19:20

Колони возила и вистински сообраќаен хаос настана вечерва во населбата Аеродром каде што ќе се одржи првиот голем народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Колони возила кои стојат во место има уште од почетокот на населбата, па се до крајот, а митингот ќе се одржи во спортската сала “Јане Сандански”. Како што може да се види по улиците најголемиот проблем го прават големиот број на автобуси и минубуси со кои на митингот се носат граѓани од сите градови од Македонија, а на раскрсницата пред салата поставени се полициски службеници за да го регулираат сообраќајот.

Револтиран граѓанин за 24Инфо ни изјави дека 1 час се обидува да излезе од населбата и дека возачите стануваат нетрпеливи.

Видео од сообраќајниот хаос можете да погледнете на нашиот профил на социјалната мрежа Инстаграм со клик ТУКА.