Skip to main content
Балкан

Бизарен инцидент во Хрватска: Маж провалил во куќа и заспал во дневната соба

29/09/2025  16:23

Обид за кражба во хрватскиот град Медулин имаше бизарен епилог.

Словенечки државјанин (30) бил пронајден како спие во дневната соба од куќата во која провалил, соопшти истарската полиција.

Инцидентот се случил во раните утрински часови во саботата. Мажот прво го скршил стаклото на терасата за да влезе во куќата, а сопственикот на куќата набрзо го забележал и веднаш ја повикал полицијата.

Пулската полиција спровела и завршила кривична истрага против 30-годишникот. Поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, против словенечкиот државјанин се поднесува кривична пријава до надлежното државно обвинителство.