Skip to main content
Спорт

Италија ја одбрани светската титула во одбојка

28/09/2025  17:19

Италијанската машка одбојкарска репрезентација ја одбрани титулата светски првак, откако попладнево ја совлада Бугарија со 3-1 (21, 17, -17, 10) во финалето на мундијалскиот турнир на Филипините, пред 15.862 гледачи во Пасај Сити.

Италија одигра импресивено – сигурно, моќно и дисциплинирано, што на крај сосема заслужено ја донесе до златниот пехар.

Со оваа победа Италија не само што го потврди статусот на актуелен шампион, туку покажа дека има генерација способна за долгогодишна доминација.

Бронзата на шампионатот замина кај Полска, која во мечот за третото место ја совлада Чешка со 3:1 во сетови.