
Од плоштадот „Јадран“ во Скопје синоќа тргнаа 20-тината олдтајмери од кои најголем дел се дојдени од Западна Европа и САД кои во следните седум дена ќе поминат 1060 километри низ Македонија и Грција.
Олдтајмерите се дел од „Бахус класик релито“ што за првпат се одржува на овие простори и со кое, како што најавувата организаторите, државата се става како нова дестинација за олдтајмер релија од премиум ранг.
Олдтајмерите се обележани со ознаката „Бахус класик“ и ќе може да се видат пред Музејот во Штип денеска во 11:30 часот, на 1 октомври на плоштадот во Охрид и на 2 октомври на крајната дестинација пред хотелот Хилтон во Скопје околу 17 часот.
Релито е впишано во календарот на Светската асоцијација на историски возила (FIVA) која обединува повеќе од 2,5 милиони љубители на олдтајмери од повеќе од 70 држави. Во календарот на (FIVA) има околу 20 настани од овој тип, а Бахус класик релито е едно од нив.