Skip to main content
Хроника

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Прилеп

27/09/2025  16:27

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на влезот во Прилеп од страна на Македонски Брод.

На коловозот се судриле два автомобила од кои едниот излетал од патот.

Според првичните информации на 24инфо.мк во несреќата нема жртви, но има повредени лица.

На лице место се екипи на полицијата кои го пренасочуваат сообраќајот по околен пат.