Skip to main content
Култура

Триумфален почеток на Балканската турнеја на ансамбл „Танец“ во Валпово и спектакуларно продолжение во Крањ

27/09/2025  12:36

Својата балканска турнеја „Танец“ ја започна со триумфален концерт во Валпово, пред целосно исполнета сала. Настапот предизвика огромен триумфален ентузијазам и беше награден со долготраен аплауз, поставувајќи висок стандард за целиот претстоен циклус на концерти.

Веднаш по Валпово, успехот продолжи и во Крањ, Република Словенија, каде „Танец“ одржа спектакуларен концерт во Прешерново гледалишче Крањ, 26.09.2025 година.

Со својата препознатлива мешавина на танцова прецизност, вокална хармонија и оркестарска брилијантност, ансамблот и словенечката публика ја оставија без здив. Концертот во Крањ беше уште една потврда за универзалната привлечност на македонското културно наследство.

Преку овие два настапи „Танец“ не само што ја потврди својата врвна уметничка форма, туку и успешно ја исполни својата мисија: да го пренесе богатството и духот на Македонија преку границите.