Skip to main content
Хроника

Скопјани се степале во Градски парк, полицијата го расчистува случајот

26/09/2025  16:59

Две скопјанки се тепале вчера попладне во Градскиот парк во Скопје.

Како што информираа од полицијата, вчера во 15:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(27) и С.Б.(31), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.