Санкционирани 334 возачи во Скопје, 162 само во Аеродром

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 334 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 26 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 мерки за користење на мобилен телефон,4 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 6 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 20 санкционирани пешаци, 64 мерки за непрописно паркирање и 43 подигнати возила со „пајак“, а за неносење на заштитнамаска изречени се 18 санкции.

На територијата на Општина Аеродром изречени се вкупно 162 мерки од кои 18 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 14 за некористење на сигурносен појас, 26 за користење на мобилен телефон, 6 мерки за неносење маска …

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајнитеправила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави