
Ракијата е дел од традицијата и културата на нашите простори, а освен како повод за дружење во кафана со пријателите, таа може да има и одредени здравствени придобивки – секако, ако се конзумира во умерени количини. Претерувањето е штетно, но една до две чашки дневно можат да имаат позитивен ефект врз организмот.
Една од главните придобивки е намалувањето на стресот. Умерената консумација на ракија делува на нервниот систем, опуштајќи го телото и мозокот, со што помага за релаксација и подобрување на расположението.
Ракијата исто така не е високо калорична, па во споредба со многу газирани и негазирани пијалоци, не придонесува значително за дебелеење. Истражувањата покажуваат дека една чашка ракија дневно може да помогне во намалување на холестеролот.
Здравствените придобивки се однесуваат и на кардиоваскуларниот систем. Умерената консумација го намалува ризикот од таложење на масни наслаги и помага во спречување на мозочни и срцеви заболувања.
Ракијата може да биде и природен начин за борба против настинки. Кога ќе се комбинира со лимон и топла вода, таа делува како сируп против кашлање, помагајќи во уништување на бактерии во грлото и олеснување на симптомите.
Сепак, важно е да се потенцира дека здравствените придобивки важат само за умерена консумација. Претерувањето со ракија може да донесе сериозни последици по здравјето, па умереноста е клучна.