
На 21 септември 2025 година околу 02:00 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, 20-годишниот Б.П. од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл „Пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тешки повреди се здобил неговиот сопатник, 20-годишниот Д.К. од Охрид, кој бил пренесен и хоспитализиран во Специјалната болница „Св. Еразмо“.
Полицијата утврдила дека двајцата биле под дејство на алкохол, при што Б.П. имал 1,05 промили, а Д.К. 1,19 промили алкохол во крвта. Случајот продолжува да се истражува.