Skip to main content
Спорт

Верстапен ја освои ГН на Азербејџан

21/09/2025  18:58

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Актуелниот шампион ја забележа четвртата победа сезонава, 67-ма во кариерата. Холанѓанецот забележа Ф1 Гренд слем, ја освои пол-позицијата, водеше во тркатата од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката.

Трката на патеката во Баку, ја обележаа и Оскар Пајстри, Карлос Саниц и Џорџ Расел.

Пјастри, лидерот во генералниот пласман, имаше кошмар на стартот. Неговиот болид не стартуваше, тој наздуваше на последната позиција, а пoтоа во првиот круг се заби во заштитната бариера и ја заврши трката.

Карлос Саинц, стартуваше втор, a трката ја заврши на третото место. Ова е негов прв пласман на подиумот со Вилијамс. Воедно ова е прв подиум за Вилијамс уште од 2021 година, кога Џорџ Расел беше втор во Спа Франкошамп.

Расел, со својот Мерцедес тркатата ја започна од петтата позиција, на крајот со одлично возење и добра тимска стратегија заврши втор.

Зад најдобрите тројца трката ја завршија Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Лијам Лосон (Рејсинг Булс), Јуки Цунода (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), возачите на Ферари: Луис Хамилтон и Шарл Леклер, односно Исак Хаџар (Рејсинг Булс).

По трката во Баку, Верстапен ја намали предноста во однос на возачите на Мекларен, има 44 поени помалку од Ландо Норис и 69 од Пјастри.

Следната трка се вози во Сингапур.