Skip to main content
Спорт

Заложник се квалификува на Светско првенство 2026

21/09/2025  17:05

Македонскиот репрезентативец во коњички спорт, Лука Заложник, ја продолжи својата импресивна сезона со уште еден извонреден настап на престижниот турнир во Сен Тропе.

Заложник успеа да се закити со едно второ и едно трето место во силната меѓународна конкуренција, што е потврда за неговата континуирана врвна форма.

​- Посебно значаен е неговиот пласман во Grand Prix натпреварот на 160 см, кој му донесе заслужена квалификација за финалето на Светското првенство во прескокнување пречки, кое ќе се одржи во Ахен, Германија, во 2026 година, соопштија од федерацијата за коњички спортови.

​Ова е веќе 16-ти подиум за Лука Заложник оваа година во Grand Prix натпревари во рамките на Longines Светскиот куп, што го прави еден од најконзистентните натпреварувачи на светската сцена.