Skip to main content
Скопје

Голем пожар над Батинци – поради ветерот се шири со голема брзина, вели Ангелов

20/09/2025  15:13

Голем пожар избувна попладнево на отворен простор над скопското село Батинци.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, огнот зафати ниска трева, грмушки и мешана шума, а поради силниот ветер пожарот брзо се шири.

На терен се екипи на Бригадата за противпожарната на Скопје (БППЗ), а во гаснењето ќе се приклучат и два пинцгауери на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на ДЗС кои ќе полетаат нешто подоцна.

На лице место е и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али.

Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.