
Вечерва во скопската населба Аеродром, кај крстот на булевар Трета македонска бригада и булевар Србија, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автомобили од марката „Фолксваген Голф“ дознава 24инфо.
Од првичните информации, возилата се судриле во крстосницата, по што настанал застој во сообраќајот во овој дел од градот. Засега нема информации за повредени лица.
Полицијата и службите за сообраќај излегле на терен и вршат увид, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента со цел да се избегнат дополнителни гужви.