Skip to main content
Спорт

Ѓорческа во неизвесен меч поразена во три сета

19/09/2025  19:28

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е запрена во четврт-финалето на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија. Поуспешна од неа во неизвесен меч беше Лили Тагер од Австрија со 2:1 во сетови ( 6:3; 5:7; 7:6(7:5)). Ова е втора меѓусебна победа за тенисерката од Австрија во последните пет дена откако претхпдно исто во три сета ја победи Ѓорческа во финалето на турнирот во Букурешт.

Во првиот сет Тагер направи брејк и поведе со 3:0 во гемови, а Ѓорческа успеа да се врати и да намали на 4:3. Но, сепак следните два гема и припаднаа на нејзината ривалка. Во вториот сет по 4:3 во гемови за Тагер, македонската тенисерка успеа да направи пресврт и го доби сетот со 7:5 и изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет повторно младата Тагер беше во предност, а македонската тенисерка во десеттиот гем од сетот спаси меч топка, а потоа со брејк изедначи на 5:5. Сепак сетот и мечот беше решен во тај брејкот, а нијанси решија Тагер да го добие со 7:5 на поени.

Лина Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе освои 16 поени и на новото рангирање ќе биде рангирана под 200-то место.