
Хуманитарен турнир во баскет 3х3 ќе се одржи утре на кошаркарскиот терен „Парк Македонија“ во општина Кисела Вода. Турнирот е во организација на Future Athlete Agency, со поддршка на Општина Кисела Вода и Министерството за спорт.
Настанот ќе започне во 13 часот. Предвидено е на настапат 16 екипи, кои во нок аут систем ќе се борат за финалниот натпревар. Покрај натпреварите во 3х3 баскет, ќе има и шутирање „тројки“ и натпревар 1 на 1.
Целта на настапот, покрај промоцијата на 3х3 баскетот како спорт за млади, е и собирањето средства за настраданите во Кочани, како и помош за повредените. Секако тоа ќе биде и повик за одговорните компании да донираат за здружението Сапорт од Кочани.
„Овој ден ќе биде посветен на спортот, хуманост и забава, комбинација која секогаш обединува. Ова не е само, туку и можност да бидеш дел од нешто поголемо, спортска приказна со хуманитарна цел, каде што секоја победа значи повеќе од резултат“, наведуваат организаторите.
За најуспешните предвидени се награди, како и забавни моменти и целодневна програма за време на настанот.
Се очекува наградите на најуспешните спортисти на турнирот да ги додели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.