Skip to main content
Скопје

МЖСПП: Квалитет на воздухот во Трубарево – резултати од тековната состојба и по пожарот

19/09/2025  16:07

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два различни периода:

  1. 13–14 септември 2025 (по пожарот во склад на „Ф-Групација ДООЕЛ”),
  2. 18–19 септември 2025 (тековни индикативни мерења).

Тековни резултати (18–19 септември 2025):

  • Просечна концентрација PM₁₀: 9,8 µg/m³
  • Максимална вредност: 43,3 µg/m³
  • Моментална вредност: 8,2 µg/m³

Моментално нема надминување на граничните вредности, концентрациите на PM₁₀ се во рамките на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето.

Резултати од пожарот (13–14 септември 2025):

  • PM₁₀ честички: 92,65 µg/m³ (над 50 µg/m³ – дозволена граница)
  • Олово (Pb): 0,75 µg/m³ (над 0,5 µg/m³)
  • Кадмиум (Cd): 59,1 ng/m³ (над 5 ng/m³)
  • Арсен (As): 8,9 ng/m³ (над 6 ng/m³)
  • Никел (Ni): 6,4 ng/m³ (во дозволени граници, под 20 ng/m³)

По пожарот е регистрирано значително надминување на дозволените граници за PM₁₀, олово, кадмиум и арсен, беа измерени високи концентрации на честички и тешки метали, но тековните мерења покажуваат дека состојбата на воздухот е стабилизирана и во рамките на дозволените граници.

Министерството и Државниот инспекторат ќе продолжат со редовен мониторинг и навремено информирање на јавноста.