Skip to main content
Економија

Пад на продажбата на становите – најскапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

18/09/2025  16:28

Во второто тримесечје од годината продадени се помалку станови во споредба со првото тримесечје. Податоците објавени од Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 јуни покажуваат дека во тој период се продадени 676 новоизградени станови од страна на инвеститорите, што е за 178 станови помалку во споредба со првото тримесечје од годината. Најголем број продадени станови има во општина Аеродром, каде во второто тримесечје се продадени 164 станови.

Кога станува збор за куќи, најмногу се продадени во Битола, односно 60 куќи. Во тек на изградба се 25.354 станови, кои се очекува да излезат на пазарот на недвижности. Највисоката цена по метар квадратен е регистрирана во општина Центар, каде што е продаден стан од 96 метри квадратни за 260.000 евра, или 166.563 денари по метар квадратен.