Search

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 701 пациент, има слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 549 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и во Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во внатрешноста, како што се посочува, има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат и дополнителни легла.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни  на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп  94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни, во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.134 и има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави