Skip to main content
Скопје

6 месеци од масакрот во Кочани – Во вторник на Плоштад Македонија се организира тивок собир

14/09/2025  19:20

Движењето “Кој е следен” на социјалните мрежи информира дека младите од Студентско пленумско движење за вторник 16 септември, денот на навршување на пола година, планираат тивок собир и ѕвездено небо за 62-те згаснати млади животи во кочанската дискотека “Пулс”. Собирот е закажан на Плоштад Македонија за 20:16 часот.

Како што пишува во објавата тоа не беше несреќа, тоа не беше трагедија, тоа беше масакр. Свирепо убиство од страна на досфункционалните институции и партискиот картел.

Велат: НАЈВАЖНО E:
• Да не престанеме да се бориме за вистината
• Да не останеме неми пред неправдата
• Да преземеме одговорност секој на свој начин!

Објавата можете да ја погледнете со клик ТУКА.