Приведено лице од Штип за доиздржување на затворска казна

Полициски службеници денеска привеле лице од Штип, кој се барал со потерница за доиздржување на затворска казна, соопшти МВР.

– Во 13:25 часот, денеска од страна на полициски службеници од СВР Штип во населба Три чешми е приведен А.Р. (32) од Штип кој се барал со потерница од КПД Затвор Струмица за доиздржување казна затвор во траење од скоро две години, посочуваат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави