Skip to main content
Македонија

И по цел ден борба, големиот пожар во Трубарево се уште активен – најавена прес-конференција на МВР

13/09/2025  22:56

„Големиот пожар во скопската населба Трубарево и вечерва останува активен. На терен се присутни градоначалниците на Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром, кои заедно со екипите на Противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија.

И покрај повеќечасовните напори, огнот и натаму претставува сериозна закана за околината. Од МВР најавија дека вечерва ќе одржат вонредна прес-конференција на која ќе бидат соопштени повеќе информации за ситуацијата и за преземените мерки.

Надлежните институции апелираат до граѓаните да останат на безбедно и внимателно да ги следат упатствата и препораките за заштита од чадот и загадувањето.“