Skip to main content
Македонија

Сончево и топло, од утре дожд

13/09/2025  08:25

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Како што најавуваат од УХМР, под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 литри на метар квадратен) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.

МИА