Skip to main content
Свет

Поранешниот бразилски претседател Болсонаро осуден на 27 години затвор за обидот за државен удар

12/09/2025  07:29

Судски совет на Врховниот суд на Бразил синоќа го осуди поранешниот претседател Жаир Болсонаро на 27 години и три месеци затвор за заговор за државен удар за да остане на власт по поразот на изборите во 2022 година.

Мнозинството судии на Врховниот суд, тројца од петмина, пресудија дека 70-годишниот Болсонаро водел заговор против неговиот левичарски ривал Луиз Инасио Лула да Силва. 

Според пресудата, иако заговорот не успеал да обезбеди доволна воена поддршка, тој кулминирал со насилниот упад на поддржувачите на Болсонаро во владини згради на 8 јануари 2023 година.