Во близина на Лефкада откриен чамец со околу 30 мигранти, уапсени четворица криумчари

Крајбрежната служба од грчкиот остров Лефкада во морскиот дел во близина на копното, открила чамец со околу 30 мигранти, меѓу кои и шест деца, објавија грчките медиуми.

Паралелно, биле уапсени и четири лица, со украинско потекло, кои веројатно се криумчари.

Мигрантите биле префрлени на копно, а со помош на локалните власти ќе се спроведат потребните процедури поради мерките за заштита од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави