„Твитер“ означил како спорни 300.000 објави за американските избори

„Твитер“ соопшти дека во текот на последните две недели околу 300.000 објави означил како спорни односно како содржина која може да претставува погрешна информација, а во врска со претседателските избори во САД.

Социјалната мрежа беше изложена на многу критики за време на изборите во 2016 година за дозволување на ширење на непроверени информации, па овој пат, во вжештената политичка клима, се обиде да го намали бројот на објави за кои е оценето дека би ги довеле луѓето во заблуда.

„На секои 500 објави меѓу 27 октомври и 11 ноември, имаше по една таква објава“, додаваат од „Твитер“, истакнувајќи дека и во иднина ќе продолжат да ги обележуваат контроверзните објави.

Напорите на „Твитер“ беа највидливи при објавите на претседателот Доналд Трамп, кој имаше пораки дека изборите се наместени. Под таквите објави стоеше предупредување: „Ова тврдење е спорно“.

Треба да знаете
Последни објави