
Репрезентациите на Турција и Грција ќе играат во првото полуфинале на Европското првенство во кошарка што се одржува во Латвија.
Грците вечерва ја совладаа репрезентацијата на Литванија со резултат 87:76
Претходно, Турција убедливо ја совлада Полска во првиот четврфинален дуел.
Мечот Грција – Турција на програмата е во петок, а во второто полуфинале ќе играат победниците од дуелите Германија – Словенија и Финска – Грузија кои се на програмата утре.