На предлог на Министерството за правда, на дневен ред на 19-тата седница беше ставен и разгледани од министрите Предлогот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.
Со Предлог-законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии се уредени начинот и постапката за обезбедување на финансиските средства, располагање со средствата за тековната работа и дејствување на политичка партија, како и начинот на контрола на финансирање и финансиско-материјалното работење на политичките партии.
Согласно Законот за финансирање на политичките партии процентот за исплата на средства е 0,15% од основните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија во тековната година. Предлог-законот е потребен заради усогласеност со претходно донесени уредби.