Приведен маж од тетовско Челопек за доиздржување две години затвор

Полициски службеници од СВР Тетово вечерва во 19 часот, во соработка со ПО Жеровјане, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги, врз основа на распишана потерница, го приведоа Б.С. (26) од Челопек,тетовско.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Б.С. бил баран за доиздржување казна затвор во траење од скоро две години.

Приведениот Б.С. според најавите на МВР, ќе биде предаден на казнено поправна установа.

Треба да знаете
Последни објави