Skip to main content
Хроника

Судар меѓу 4 автомобили и 4 моторцикли на патот кон Гостивар – Колони возила на патот

08/09/2025  18:03

Фотографија направена на местото на несреќата покажува дека сообраќајот е целосно блокиран, а на терен интервенираат екипи на Итната помош и Пожарната.

„До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток)“, стои во официјалното известување од МВР.