Skip to main content
Хроника

Маж од Богданци во кафеана ја истепал сопругата од која се разведува

08/09/2025  18:00

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.