Skip to main content
Хроника

Опожарен трансформатор на ЕВН, пожарникарите навреме реагираа

08/09/2025  17:03

Во неделата вечерта околу 21:50 часот во село Криви Дол, штипско, избувнал пожар на трансформатор во сопственост на ЕВН Македонија.

Според информациите на полицијата, при инцидентот нема повредени лица. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип веднаш излегла на терен и успешно го локализирала и изгаснала пожарот.