Бала: Албанија ги исполни условите, а официјалната одлука за меѓувладината конференција доаѓа само од Европската комисија

По веста дека Владата на Холандија ја официјализирала својата одлука против свикувањето на првата меѓувладина седница меѓу Албанија и Европската Унија поради неисполнување на условите, прв реагираше Таулант Бала, генерален секретар на владејачката Социјалистика партија и координатор на пратеничката група.

Бала рече дека официјалната одлука за ова прашање доаѓа само од Европската комисија, додавајќи дека Албанија ги исполнила условите.

-Германското претседателство, кое завршува на 31 декември оваа година, во своите цели има одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија. Во однос на проценката дали Албанија ги исполнила своите обврски или не, единствена официјална проценка е проценката на Европската комисија, која е платена од европските даночни обврзници за коректна проценка на очекувањата и исполнувањето на предусловите што земјите како нас ги добија од Советот на Европа од 25 март до крајот на октомври, рече Бала.

Тој додаде дека Европската комисија оценила дека Албанија ги исполнила предусловите за одржување на Првата меѓувладина конференција.

Посочи дека имал видео конференција со холандскиот парламент, поточно со Комисијата за европски прашања во овој парламент каде исто така „добивме проценки од колегите за исполнување на одредени услови”.

Како што пренесоа албанските медиуми, според Холандија, Албанија се уште не ги исполнила условите што ги бара Европскиот совет, како што е формирањето на Уставниот и Врховниот суд и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Од друга страна Владата на Холандија не гледа никаква пречка и дава зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави