Вардарци продолжуваат со тренинзи и во ЕХФ неделата

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со тренинзите откако беа направени нови тестирања на целиот тим и стручниот штаб, и согласно новите протоколи играчите кои се негативни ќе се вратат во сала по еднонеделната пауза.

Единствените што ќе бидат отсутни оваа седмица се поради ЕХФ неделата: Марко Кизиќ, Стојанче Стоилов, Марко Мишевски и Филип Талевски, кои се повикани на подготовките на репрезентацијата на Македонија, а Иван Чупиќ и Кристијан Дисингер ќе бидат со репрезентациите на Хрватска и на Германија.

Вардар 1961 сега се подготвува за следниот настап во ЕХФ лигата на шампионите против Кјелце во Полска на 19 ноември во Скопје, а потоа следната седмица гостуваме кај полскиот првак.

Треба да знаете
Последни објави