Повредата на Лукаку го загрижува Конте пред гостувањето во Мадрид

Во згуснатиот распоред од новата сезона на фудбалската Лига на шампионите, која поради пандемијата предизвикана од коронавирусот се игра без гледачи и во забрзан ритам, утре и задутре на програмата се мечевите од 3. коло во осумте групи. Италјанскиот калчолигаш Интер во групата Б, ќе му гостува на најтрофејниот тим со европски титули, шпанскиот Реал Мадрид.

По првите две одиграни кола во Б-групата, фаворитите Реал Мадрид и Интер немаат победа во пресметките со Шхтјор и Борусија Менхенгладбах. Интер два пати одигра нерешено, а Реал загуби од Шахтјор и одигра нерешено во Менхенгладбах.

Пред гостувањето на „Сантјаго Бернабеу“ најголем проблем за тимот на Антонио Конте е повредата на која се жали нивниот најдобар стрелец сезонава Ромелу Лукаку. Белгискиот интеранционалец Лукаку, не играше во саботата против Парма (2:2), а последните лекарски прегледи покажале дека тој нема да биде во состојба да на стапи против Реал.

-Отсуството на Лукаку не може, а да не влијае врз играта на нашиот тим. Не успеал да постигне гол на само два меча од почетокот на сезоната. Против Парма шутиравме 25 пати и не успеавме да победиме, изјави Конте.

Лукаку сезонава има просек од по еден гол на натпревар. Одигра седум натпревари и постигна исто толку голови. Прашање е како Конте ќе го реши отсуството на Лукаку. На натпреварот со Парма, во нападот беа Лаутаро Мартинез и Иван Перишиќ.

Треба да знаете
Последни објави