Филипче: Ако мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано

Ако мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи ги мерките кои се разгледуваат- објави 360.

„Не станува збор за бројката на детектирани случаи, туку за капацитетите на болниците – со која динамика се исполнуваат болничките капацитети, дали лекарите и медицинските сестри на скопските клиники и болници и во болниците во државата можат да постигнат. Тоа е нешто што ние го следиме“, рече Филипче .
Тој вели дека има сосем доволен број на кревети и оти нема да се дозволи да се случи пациент да не може да биде примен во болница заради тоа што нема место.

„Меѓутоа, не е целта целосно да се исполнат и затоа следиме каков резултат ќе имаат овие мерки коишто очекуваме значајно да ја намалат трансмисијата на вирусот и ги споменав кои мерки би ги вовеле и во следните денови. Состојбата секојдневно се следи“,

вели Филипче.
Тој демантира дека има пациенти кои биле вратени од некоја болничка установа, во државата или од клиниките, но признава дека има подолго чкање.

Треба да знаете
Последни објави