Американскиот актер Еди Хасел убиен пред станот на неговата девојка

Американскиот актер Еди Хасел (30), кој е најпознат по улогата во филмот „The Kids Are All Right“, номиниран за „Оскар“, починал откако бил застрелан од огнено оружје во Далас, во државата Тексас, пренесуваат локалните медиуми.

Хасел е тешко ранет за време на обид за кражба од неговиот автомобил, а истрагата уште е во тек.

„Њујорк тајмс“ пренесува дека Хасел е убиен пред станот на неговата девојка.

Еден од неговите соработници изјавил дека Хасел бил застрелан во стомак и дека бил префрлен во најблиската болница, каде починал.

Треба да знаете
Последни објави