Твоја партија: Кратење на функционерските привилегии и насочување на парите за институциите, кои непосредно се справуваат со пандемијата

Соопштение од Твоја партија

„Кратење на функционерските привилегии и насочување на парите за потребите на институциите, кои непосредно се справуваат со пандемијата

Пандемијата предизвикана од КОВИД 19 бара мобилизирање и рационално користење на ресурсите (како во јавниот, така и во приватниот сектор), кои се ограничени.

ТВОЈА партија укажува дека Владата на Република Северна Македонија до сега требаше значајно да ги намали привилегиите на сите функционери и раководни лица, да го намали бројот на вработените во администрацијата, непродуктивните трошења на ниво на централна и локална власт и во рамките на јавните претпријатија, и да ги укине средствата кои овозможуваат или поттикнуваат поголема дискреција.

Тие средства треба итно да се насочат за подобрување на условите на работа на медицинските работници и за другите државни институции кои имаат надлежност во спроведување на мерките за превенција и заштита од пандемијата, а бараат брза интервенција, мобилност и ефикасно постапување со прекршителите.

Во таа смисла, треба да се почне сo укинување на привилегијата за располагање со службено возило во институциите, кое со интерна одлука е доверено да се користи 24 часа на поединци. Вакви примери има повеќе десетици во институциите. Заштедените средства или предмети да се насочат во подобрување на состојбите и возниот парк за возила за брзата помош, за инспекциите, полицијата и противпожарната заштита.

Во меѓувреме треба да се направи опсежен план за ограничување на сите трошења кои не се функционално оправдани, и намалување на сите издвојувања кои претставуваат бенефиции за раководните структури во државата.

Треба да знаете
Последни објави