Skip to main content
Скопје

Меџити пред младите го претстави проектот за Младинскиот центар во Чаир

31/08/2025  13:39

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, го претстави проектот за Младинскиот центар.

Според Меџити, Младинскиот центар ќе биде организиран на четири функционални нивоа:

    •    Први кат: библиотека и сала за предавања, отворена за читање, истражувања и разни настани.

    •    Втор кат: Дигитален центар со лабораторија за вештачка интелигенција (AI), компјутери и бесплатни обуки за програмирање, вештачка интелигенција и дигитална писменост. Овој кат ќе опфати и co-working простор за поддршка на младинските стартапи, како и менторска програма „од млади за млади“.

    •    Трет кат: STEM академија, која ќе нуди обуки во областа на технологијата, науката, уметноста и математиката.

    •    Четврти кат: простор за театар, советување и креативни активности, наменет за младите кои сакаат слободно и без бариери да се изразуваат.

„Младинскиот центар ќе биде средиште на новата генерација, каде што ќе се спојуваат образованието, иновациите, уметноста и креативноста. Тој ќе служи како платформа за личен и професионален развој на младите во Чаир,“ истакна Изет Меџити.