
Со шест натпревари од воведното коло денеска официјално стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија.
Работнички на гостински терен извојува убедлива победа од 16-0 над Карбинци, а рутински пласман во второто коло обезбедија и фудбалерите на Македонија ЃП, триумфирајќи против Љуботен со 14-0.
Второлигашот Охрид го елиминираше прволигашот АП Брера по подобро изведување пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.
Силекс извојува победа од 7-1 против Евротип Онлајн, Брегалница ја елиминираше Победа Валандово со триумф од 6-0, додека Детонит на гостински терен го совлада Башкими 2008 со 4-1.
Мечот Беласица – Арсими ќе се одигра утре, а останатите средби се закажани за во септември.
На трети септември на програмата се мечевите Тетекс – Пелистер и Пчиња – Новаци, на деветти се среќаваат Победа Прилеп – Башкими Куманово додека следниот ден играат Кожуф – Шкупи, Скопје – Тиквеш и Јени Мале Спорт – Шкендија.