Search

Груевски се прости од Амди Бајрам: Незаборавен лик во македонската политика, искрено и неуморно се бореше за Ромите

Поранешниот премиер и лидер н ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот Фесјбук профил се збогуваше од Амди Бајрам.

-Замина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична коалициска соработка. Искрено и неуморно се бореше за Ромите. Јас сум сведок за тоа. Многу средби, часови и часови за тоа како да им се помогне на Ромите во Македонија. Вработувања за Ромите, водоводи и канализациски мрежи, училишта и образование, улици, спортски сали, спортски игралишта…неуморно работеше да помогнеме на сите но често и директно на конкретни поединци кои се нашле во мака. Беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња на поплави, пожари, сиромаштија….
Моменти од нашите разговори во владата, во партијата, на кардиологија кога лежеше таму, од улиците низ општината Шуто Оризари, кај него дома кога имаше смртен случај во семејството, моменти од дошепнувањата но и настапите на митинзите низ цела Македонија, од парламентот, коалициските средби, од погребот на Есма, од џамијата која ја беше изградил, од легендарните свадби и ромските балови, одбележувањата на градбите на многу објекти и на многу други настани, секогаш ќе ми останат во сеќавањата. Почивај во мир Амди, напиша Груевски на Фејсбук.

 

Треба да знаете
Последни објави