Skip to main content
Спорт

Најдобра асистенција во НБА има Никола Јокиќ

25/08/2025  13:11

Вљубениците во НБА кошарката секоја година имаат можност да ги избираат најдобрите потези од претходната сезона. Според нив најдобрата асистенција во сезоната 2024/2025 ја има Никола Јокиќ.

Српскиот репрезентативец, минатата сезона ја заврши со трипл-дабл просек, но не успеа четврти пат во кариерата да стане МВП. Престижната награда му припадна на Шеј-Гилџес Александер од Оклахома сити Тандер.

Секоја година, навивачите гласаат за најдобрата асистенција од минатата сезона, според нив најдоброто додавање е забележано на 26 март, на натпреварот Денвер Нагетс-Милвоки Бакс.

Нагетс триумфираа дома со резултат од 127:117, а Јокиќ го предводеше тимот со фантастична игра и трипл дабл од 39 поени и по 10 скока и асистенции. Тој најмногу ја воодушеви публиката со додавањето „без гледање“ за Арон Гордон, кој сето тоа го зачини со забивање.