Search

Боки пак во болница, одложено „Рекет 2“

Бојан Јовановски Боки-13, првообвинет во аферата „Меѓународен сојуз“ од затворскиот притвор пред два дена повторно, итно е пренесен и згрижен во универзитетската клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Поради тоа денешното рочиште за случајот е одложено за 28 овој месец.

Претходно Јовановски од 28 септември до 14 октомври беше во болница.

Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски за „Слободен печат“ вели дека е зачуден што судските власти не го почитуваат и уважуваат ставот на лекарите кои строго препорачуваат Боки-13 да биде под строг режим на истрага и сместен во многу хигиенски услови, а такви во истражниот затвор „Скопје“ каде што го издржува притворот нема.

Адвокатот вели дека на Јовановски премногу му е нарушена здравствена состојба.

 

Треба да знаете
Последни објави