Skip to main content
Хроника

МВР со детали за трагедијата во Кичево

22/08/2025  13:43

На 21. 08.2025 во  18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.