Skip to main content
Хроника

Лишено од слобода лице од велешко затоа што предизвикал пожар на отворен простор

22/08/2025  11:25

На 21.08.2025 во 20:20 часот во село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Л.(46) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема.

Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.