Skip to main content
Македонија

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол

20/08/2025  15:28

Соопштение на СДСМ:

Додека премиерот Мицкоски се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби, вистинското прашање на кое што треба да одговори е: зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за „Казандол” во 2015 година?

Дали заради тоа што бизнис интерсите им беа поважни од граѓаните?

Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од југоисточниот регион кои беа против оворањето на рудниците?

Тоа се прашањата на кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат.

Инаку се знае дека Владата на СДСМ во март 2018 година го раскина договорот за „Казандол” и застана на страната на граѓаните. Токму Владата на СДСМ ја истера до крај арбитражната постапка за Казандол, која е завршена успешно во интерес на државата а сега само стигнува одлуката.

Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на Владата на СДСМ, денес рудникот „Казандол” не постои, а државата ја доби и арбитражата. Тоа е целата вистина.