Search

Груби оствари средба со градоначалникот на Бујановац, Арифи

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во својот кабинет оствари средба со градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи.

Груби и Арифи на средбата разговарале за политичката состојба во Република Северна Македонија и во Република Србија, односно во Прешевската Долина, како и за други важни настани во регионот. Како што соопштија од Кабинетит на Груби, тие размениле мислења и за можностите за соработка што Северна Македонија може да им ја понуди на граѓаните од Прешевската Долина.

– Првиот вицепремиер Груби и градоначалникот на Бујановац Арифи разговараа и за Охридскиот Договор, како еден успешен модел за социјална кохезија и граѓанска еднаквост, како и за процесот на пописот на населението во двете наши земји, се наведува во соопштението од Секторот за односи со јавност на Груби.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, го информирал градоначалникот Арифи дека Северна Македонија, сега членка на НАТО, се очекува наскоро да ги започне преговорите за членство во Европската Унија и го охрабрил преку влијанието на албанскиот политички фактор да придонесуваат Србија што побрзо да се приклучи на овој пат.

– Груби изрази задоволство од обединувањето на албанскиот фактор и добивањето 3 мандати на последните парламентарни избори, стои во соопштението од Сектор за односи со јавност, Кабинет на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Груби. 

Треба да знаете
Последни објави